вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Салах му се доверил на претседателот на Египет: Еве каква е здравствената состојба на ѕвездата на Ливерпул пред стартот на Мундијалот

Салах му се доверил на претседателот на Египет: Еве каква е здравствената состојба на ѕвездата на Ливерпул пред стартот на Мундијалот

Фудбалер на Ливерпул Мохамед Салах му кажа на претседателот Абдел Фатах ал- Сиси дека добро се лекува од повредата на рамото.

-Салах му потврди на претседателот дека неговата здравствена состојба е доста подобрена и дека на пат до оздравување, со божја волја, кажа портпаролот на Египетскиот претседател, Басам Ради, а пренесе Скај.

Салах се лекува од повредата на рамото која ја доби во финалето на Лигата на шампионите на мечот против Реал Мадирд и се обидува да се спреми за натпреварите на Египет на Светското првенство во Русија. Тој на 26 мај во Киев, во 30-тата минута од натпреварот против Реал Мадрид мораше да го напушти теренот затоа што после дуелот со противничкиот играч, Серхио Рамос, кој силно го повлече за рака, падна на рамо и се повреди.

Салах имаше одлична сезона во Ливерпул, постигнувајќи 42 гола во сите конкуренции и се наоѓа на списокот на Египет за Светското првенство, кое во четврток почнува во Русија.