петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Преговорите стартуваа, Погба се враќа во Торино

Преговорите стартуваа, Погба се враќа во Торино

Францускиот фудбалер Пол Погба оваа лето се враќа во Јувентус. Оваа информација ја објавија италијанските медиуми која известува дека почнале преговорите меѓу клубот од Торино и менаџерите на фудбалерот на Манчестер Јунајтед.

Познато е дека на Погба оваа лето му истекува договорот, а за него уште се заинтересирани Реал Мадрид и ПСЖ, но тој повеќе го посакува Јуве со оглед на тоа дека, според него, најсреќен бил во периодот од 2012 до 2016 како фудбалер на “црно-белите“ од Торино.