вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Локатели во Јувентус до 2028

Локатели во Јувентус до 2028

Фудбалерот на Јувентус и италијански репрезентативец Мануел Локатели го продолжи договорот со клубот од Торино до јуни 2028 година, јавија денеска локалните медиуми.

Претходниот договор на Локатели со Јувентус беше со важност до лето 2026 година.

Локатели ја почна кариерата во Милан, по што го носеше дресот на Сасуоло, а изминатите две сезони настапуваше како позајмен фудбалер во Јувентус пред ова лето да потпише договор со „старата дама“.

Сезонава Локатели на десет натпревари во дресот а Јувентус постигна еден гол и додаде една асистенција.