петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Црногорскиот фудбалер Мирко Вучиниќ осуден на две години условно

Црногорскиот фудбалер Мирко Вучиниќ осуден на две години условно

Фудбалската легенда на Црна Гора, Мирко Вучиниќ во Италија е осуден на две години условно. Ова е поради тоа што екс напаѓачот на Јуве и други клубови, затајувал данок. Вучиниќ во периодот од 2014 до 2017 година не пријавил приход од 6 милиони евра.

Обвинителот барал казна од четири години затвор, но со добри адвокати Вучиниќ сепак минал многу полесно од од очекувањата.

Но затоа му се запленети дел од средствата кои ги имал во банките, а потоа и дел од недвижниот имот.Инаку Вучиниќ во Италија играше за Лече, за Рома и за Јувентус.