Дневен хороскоп за недела, 6. март 2022 година.
Риби 20.2.- 20.3.
Љубов
Доколку сте во непријателска или воинствена фаза со партнерот , денеска ќе пристапувате малку поопуштено , а ќе има и одредена блискост.
Кариера
Подготвени сте за промени за разлика од вашите колеги. За нив се ќе биде нестварно , па ќе мора да ги убедувате.
Здравје
Пад на имунитетот.
Овен 21.3-20.4.
Љубов
Можен е повик од личност од вашето семејство , кој ќе ги засени убавите љубовни настани или накусо ќе ве оддалечи од партнерот.
Кариера
Ви се чини дека компанијата во која работите е премногу мала. Сакате нешто поголемо , но за тоа треба да имате повеќе одговорност.
Здравје
Издржете.
Бик 21.4- 20.5.
Љубов
Убавиот развој на личните односи ќе ве поттикне да ги оплемените со нова идеја за излегување , каде ќе ви биде добро.
Кариера
Доколку имате проблеми како да го извршите она што треба, сетете се на своите стручни знаења и набргу ќе дојдете до решение.
Здравје
Не грижете се , имате доволно слобода.
Близнаци 21.5.-21.6.
Љубов
Оние кои моментално имаат љубовни проблеми , денеска нека побараат друштво од пријателите. Покрај нив ќе им се разјаснат работите.
Кариера
Би сакале да добиете одговори на некои теми , па поставувате дополнителни прашања. Нешто ќе дознаете , но тоа не е се.
Здравје
Наспијте се.
Рак 22.6-22.7.
Љубов
Подобрување во личните односи ќе бидат поврзани со излегување на интерсно место полно со весели луѓе.
Кариера
Многумина денеска ќе мора да бидат услужни кон своите соработници , но тоа нема да им падне тешко. Можна е мала здодевност на работното место.
Здравје
Трпение, спасение.
Лав 23.7-22.8.
Љубов
Ќе го употребите целиот ваш шарм за да и покажете на личноста која ви се допаѓа , колку ја сакате. Ќе бидете успешни во комуникациите.
Кариера
Важно е да го прифатите она што ви се нуди , иако моментално ви изгледа неповолно. На долг рок е добро.
Здравје
Издржете со волја и упорност.
Девица 23.8.-23.9.
Љубов
Постои можност за подобра соработка меѓу вас и другата страна , но треба да бидете поотворени.
Кариера
веројатна е соработка со млади лица , кои ќе ги воведувате во работата . Има уште некои ситни работи кои треба да се довршат.
Здравје
Ништо не се мора по секоја цена.
Вага 24.9.-23.10
Љубов
Оние кои бараат љубов , добро нека погледнат околу себе во лицата со кои професионално соработуваат.
Кариера
Ќе најдете излез од финансиските проблеми и успешно ќе ги надминете неодамнешните проблеми. Многумина ќе добијат дополнителна мотивација за работа.
Здравје
Само продолжете со здравите навики.
Шкорпија 24.10-22.11.
Љубов
Ќе настојувате да се опуштите во пријатен круг на блиски луѓе и така ќе го надминете незадоволството со личните односи.
Кариера
Ќе бидете расположени за самостојна работа , и покрај тоа што нема да бидете затворени за соработка. Но , кога вие би се прашале , најмногу би сакале да работите сами.
Здравје
Бидете барем еднаш природни.
Стрелец 23.11.-21.12.
Љубов
Семејството денеска ќе ве привлекува и ќе ве одбива. Ќе има влијанија кои кај вас ќе предизвикуваат фрустрации.
Кариера
Веројатно е дека крајот на работната недела ќе го минете на некое кратко патување или ќе мора дополнително да се активирате во врска со работата.
Здравје
Полни сте со енергија.
Јарец 22.12.-20.1.
Љубов
Некои ќе осмислат поетски зборови со кои ќе ја заведуваат личноста која им е драга. Другите ќе решаваат мали семејни проблеми.
Кариера
Ќе поработите на сопствната независност на работното место , а тоа ќе ви покаже дека може подобро и повеќе.
Здравје
Почнете да спортувате.
Водолија 21.1.-19.2.
Љубов
Тајни , фантазии , сплетки- сето тоа денеска ќе ве привлекува повеќе од вообичаено. Можни се дискретни погледи и читање меѓу редови.
Кариера
Ќе ви ги признаат заслугите и тоа ќе ве израдува до таа мерка , што ќе се чувствувате лесни како пердув. Исто така лесно ќе ви оди и работата.
Здравје
Послужете се со својата интуиција .