недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

Александар Вучиќ кандидат на СНС за претседател на Србија

Александар Вучиќ кандидат на СНС за претседател на Србија
фото архива

Кандидат на Српската напредна странка (СНС) на престојните претседателски избори во Србија. закажани за 3 април, ќе биде лидерот на партијата, Александар Вучиќ, што тој денес и го прифати на седница на претседателството на СНС, јави диописникот на МИА од Белград.

-СНС донесе одлука да го кандидра Александар Вучиќ за претседател на Србија на изборите на 3 април, соопшти премиерката Ана Брнабиќ, после седница на Претседателството на СНС.

Брнабиќ кажа дека Вучиќ е кандидат и на коалицијата „Александар Вучиќ, заедно можеме се“.

Кандидатурата на Вучиќ ја подржаа и Социјалистичката партија на Србија (СПС) на Ивица Дачиќ, Единствена Србија и Сојузот на војводинските Унгарци (СВМ).

-Како и да свртите изборите нема да бидат лесни, особено во вака тешки времиња. Затоа ни е драго што наш кандидат е Вучиќ, порача Брнабиќ.

Таа најави дека кампањата ќе почне на 7 март во Лесковац и дека ќе биде фокусирана на „визијата на Србија во следните пет години“. (МИА)