Времето денеска до крајот на денот ќе биде облачно со врнежи од снег кои од пладневните часови на повеќе пониски места преминаа во дожд. Дуваше слаб до умерен вдолж долно Повардарие југоисточен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Висината на снежната покривка до 16 часот се зголеми на 76 сантиментри на Попова Шапка, 62 Маврови Анови, 59 Крушево, 40 Лазарополе, 38 Ѓуриште, 33 Пожаране и 13 Битола.
Врнежите ќе ослабат и вечерва и преку ноќта ќе ги има претежно во позападните делови и на крајниот исток, а понекаде на пониските места ќе преминат од дожд во снег. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
Во Скопје е облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во текот на ноќта кога ќе преминуваат во снег.
Врмето утре ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег, слаби во централните делови од земјата и на југоистокот претежно од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен до северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен дожд кој понекаде ќе преминува во снег. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 6 степени.
Во следните денови ќе се задржи умерено до значително облачно и студено со повремени локални врнежи претежно од снег. Од вторник ќе дува умерен, а вдолж Повардарието до повремено засилен претежно северен ветер. Температурите ќе се задржат пониски, а од среда ќе бидат и значително под просекот за овој период од годината. (МИА)