петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Голем пожар избувна во висококатница во Лондон, луѓе сведочат: „Парчиња паѓаат и до 100 метра оддалеченост“ (ВИДЕО)

Голем пожар избувна во висококатница во Лондон, луѓе сведочат: „Парчиња паѓаат и до 100 метра оддалеченост“ (ВИДЕО)

Голем пожар попладнево избувна во висококатница во источен Лондон, а пламените и чадот се гледаат на неколку километри.

Портпаролот на Лондон, Садик Кан на Твитер информира дека 20 противпожарни возила и повеќе од 125 пожарникари работат напорно за да се справат со пожарот во станбен блок и канцеларии на улицата Вајтчепел Хај. Противпожарната бригада на Лондон побара од граѓаните да го избегнуваат тој дел на градот доколку е можно. Очевидци рекле дека делови од стакло паѓале и до 100 метри оддалеченост од повеќекатницата.