вторник, 6. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хороскоп

Меркур влегува во Риби: Живот во екстреми, силни подеми, но и силни порази

Меркур влегува во Риби: Живот во екстреми, силни подеми, но и силни порази

Од 9 до 26 март планетата Меркур ќе биде во знакот Риби и ќе влијае на нашиот живот на тој начин што ќе се чувствуваме како да сме на нишалка.
Планетата која ги претставува комуникацијата, анализата и рационалноста, ќе биде под покровителство на мистичните Риби, кои често не се потпираат на разумот, а тоа ќе се одрази врз секој знак.

Имено, овој аспект носи заблуди, измами, чувство на замор и збунетост, но и ментална раздразливост и тенденција кон влегување во кавги без конкретна причина.

Од друга страна, периодот ќе биде погоден за сите оние кои се занимаваат со уметнички професии, особено за родените во знакот Риби, Близнаци, Рак и Вага.

Астрологот Александра Бјељац објави кои денови ќе бидат најповолни, а кои најтурбулентни додека Меркур е во знакот Риби.

Среда, 9 март е денот кога Меркур ќе влезе во Риби и веднаш ќе направи хаос.

Внимавајте, на овој ден можни се разни врсти измами и изневерувања, затоа проверете ја секоја информација. Исто така, на овој ден големи се можностите припадниците на скоро секој знак од Зодијакот да прават грешки – и писмени и усни; затоа бидете особено внимателни кога разговарате со другите и „отворете ги очите“ доколку треба да потпишувате некакви документи.

Следниот ден, 10 март, ќе биде тежок и стресен. Месечината гради три аспекти од знакот Близнаци, затоа избегнувајте планирање, одложете ги патувањата и доколку е можно, одложете ги договорите и преговорите за друг ден. Денес, повеќето ќе се чувствуваат уморни, збунети и исцрпени.

Кога Венера ќе формира квадрат со Уран на 18 март, многу врски би можеле да пропаднат. Овој аспект најавува конфликти, кавги и жестоки дебати кои ќе започнат поради ситници, а ризикот тие да се претворат во вистинска војна, е огромен.

Денови кога сѐ ќе ви оди од рака

Кога Месечината ќе помине низ знакот Рак, на 12 март многумина ќе почувствуваат големо олеснување. Денот е добар за сите домашни работи, за реновирање, продажба и решавање на станбени прашања. Исто така, односите меѓу членовите на семејството ќе бидат далеку подобри од претходните денови.

Три дена подоцна, на 15 март, Месечината ќе транзитира низ знакот Лав, што ќе има посебен ефект врз припадничките на понежниот пол. На овој ден жените ќе доминираат, ќе бидат подготвени да направат големи промени прво во животот, без разлика дали се работи за работа, љубов или здравје. Планетите ветуваат многу енергија, па советот е овој ден да го искористите за спортување, да започнете нов бизнис и да започнете променет начин на исхрана.

А следниот ден, 16 март, поради аспектот на Меркур секстил Уран ќе биде позитивен. Поволен ден е за давање деловни понуди, за започнување бизнис и за психичка рамнотежа која се разниша кај многумина кога Меркур влезе во знакот Риби.

Најсреќниот ден за време на овој транзит ќе биде 17 март. На овој ден можете да ги залечите сите емотивни рани, но и да запознаете судбински партнери. Денот ќе биде добар за дружење, за запознавање, но и за флерт, па почестете го своето срце со она што го посакувате.