сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Излезе видео од стартот на Геј над Мбапе поради кој напаѓачот може да го пропушти дуелот со Реал (ВИДЕО)

Излезе видео од стартот на Геј над Мбапе поради кој напаѓачот може да го пропушти дуелот со Реал (ВИДЕО)

Издриз Геј направи глупост која може скапо да го чини ПСЖ, на тренинг го повреди Мбапе и тој е неизвесен за мечот во среда против Реал Мадрид.

Мбапе заедно со Верати беа убедливо најдобрите играчи на ПСЖ во првиот меч против Реал Мадрид. Французинот ја направи разликата.

Но неговиот настап во среда е неизвесен откако заработи повреда на последниот тренинг на ПСЖ.

Идриз Геј беше крајно невнимателен и стартуваше со отворен ѓон врз својот играч. Мбапе почна да се витка од болка и го напушти тренингот.

ПСЖ соопшти дека првите тестови се ветувачки, но дали ќе може Мбапе да игра против Реал Мадрид ќе се знае утре.

Во меѓувреме Геј добива дури и смртни закани од некои навивачи на ПСЖ.

Погледнете го стартот: