среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ПМФЛ: Работнички ја совлада Шкендија, Шкупи само со бод против Ренова

ПМФЛ: Работнички ја совлада Шкендија, Шкупи само со бод против Ренова

Скопски Работнички оствари победа над Шкендија, совладувајќи го актуелниот шампион со 2:1 на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Тоа е втора победа во низа за „романтичарите“ и седмо место на табелата по вториот круг од натпреварувањето.

Марио Станковски и Анес Рушевиќ беа стрелци на головите за Работнички на овој натпревар, а Аденис Шала реализираше за Шкендија.

Тимот на Борче Христов одигра одличен натпревар против шампионот и по пауза од пет години ја совлада Шкендија во Скопје. Офанзивен пристап, агресивност во средниот ред и цврста одбрана, беше рецептот за победа.

Тетовските „црвено-црни“ се на третата позиција со 42 бодови, еден помалку од второпласираниот состав на Академија Пандев кој славеше со 5:0 против Борец.

За „пандевци“ по еднаш во листата на стрелците се запишаа Манев, Усман, Горгиев, Хаџановиќ и Велиновски.

Прва лига, 22. коло

Среда, резултати –

Академија Пандев – Борец 5:0
Брегалница Штип – Пелистер 2:1
Работнички – Шкендија 2:1
Ренова – Шкупи 0:0
Струга Трим Лум – Македонија ЃП 1:3

Табела: Шкупи 52 бодови, Академија Пандев 42, Шкендија 41, Македонија ЃП 39, Брегалница Штип 33, Ренова 32, Работнички 31, Струга Трим Лум 30, Тиквеш 21, Скопје 21, Борец 13, Пелистер 6.