понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев е спремен со еден телефонски разговор да го смени името: Дури и неговите сопартијци се против

Заев е спремен со еден телефонски разговор да го смени името: Дури и неговите сопартијци се против

Во емисијата „Во Центар“, новинарот Васко Ефтов посочи дека премиерот Зоран Заев е единствениот политичар во Македонија кој преговара и најверојатно ќе го смени Уставното име на Република Македонија. Она што другите не се осмелија да го направат и на тој начин да се откажат од она што нашите предци се бореле со векови за ова парче земја, Зоран Заев е спремен да го направи буквално со еден телефонски разговор.

Досега во светот не е забележано вакво однесување од еден политичар кој доброволно се има одлучено на ваков чекор. Дури и неговите сопартијци се против Заев.

Илинка Митрева, поранешната министерка за надворешни работи која имаше можност да биде дел од ова горко прашање која не мачи 27 години вели дека ова барање од страна на Грција е барање без преседан во историјата на меѓународните односи. Таа додава дека во овој случај односно Заев дава нешто на сметка на Грција која не дава ништо односно дава само ветување дека ќе го почитува она што претходно веќе се согласила, а тоа дека нема да ја блокира Македонија кон нејзиниот пат во евроатланските односни.

– Од Македонија се бара да го смени уставот и новото решение да го применува според грчкото толкување на ерга омнес и дома. Тоа е она што Македонија го внесува како свој прилог во спорот. Што внесува Грција. Грција внесува обврска која што и стои уште од привремената спогодба да не го оневозможува меѓународното интегрирање на Република Македонија. Тоа стоеше во привремента спогодба. Хаг заклучи дека ја прекрши и сега она што Грција го внесува во спорот е ветување дека ќе го почитува меѓународното право и дека ќе и дозволи на Република Македонија да продолжи со своите евро-атлански аспирации. Имаме нешто за нешто. Во случајов имаме нешто за ништо, вели Митрова.

Дури и покојниот Киро Глигоров кој се има согласено покрај уставното име да стои и додавката Скопје се со цел да се зачува државната територија, се има спротиствено на промена на Уставот на Република Македонија.

– Како дополнителен чекор за компромис и како израз на добра волја би можеле да изразиме спремост за додавка на името за употреба на термин што дополнително ја прецизира државната територија иако тоа е непотребно со името на главниот град во заграда. Одлука за тоа би се донела зависно од исходот на состанокот во Единбург. Тоа не би бирало промена на Уставот на Република Македонија, изјавил во неговото обраќање пред пратениците Киро Глигоров.

И Владимир Милчин, поранешниот член на ЦО на СДСМ и поранешен прв човек на фондацијата Сорос вели дека има црвени линии кој не би сакал да бидат поминати.

-Мојата црвена линија е дека мора да биде Македонци, Македонец, македонски јазик. И не Уставот да се менува. Апсолутно сум против тоа пред Македонија да се става нешто. Дали тоа била Северна, Јужна, Западна, Горна, Долна, Вардарска. Тоа значи дека идентитетот ќе биде сменет, вели Милчин.

Дека Заев ги менува своите ставови како ќе му текне не е непозната работа. Во неколкуте интервјуа и гостувања по медиумите таа негова конфузија нема граници. Ја обвинуваше претходната влада што има прифатено само додавка односно да се врати стариот предлог на Република Македонија- Скопје за подоцна да прифати дека сепак се можни некакви формулации за името.

– Имиња пред Република Македонија или какви било други формулации се за разгледување, но без притоа да се чепне Уставот на државата, мојот национален јазик, мојата национална посебност, мојата култура како Македонец, рече Заев во 2013 година во Струга.

Во 2016-та година Заев ќе каже дека црвените линии на СДСМ се дека нема промена на уставното име, идентитетот и самиот Устав што со последните потези се демантира самиот себе.

-Барањето за промената на Уставот во разговорите за името се грчки став, но ние имаме наш. Македонија го промени својот Устав во 1993 година да го допрецизира членот 49 вградувајќи го амандманот 2. Ние направивме голем чекор за да го отстраниме иредентизмот, рече тогаш Заев.

Како што не убедува владината ПР машина разговорите се при крај. Останува уште тој фамозен телефонски разговор што треба да го направат Заев и Ципрас. Што има прифатено Заев никој не знае освен двајца или тројца луѓе од неговиот кабиенет. Но една работа е сигурна дека ова ќе му ја одреди политичката судбина не само него туку и на СДСМ како партија. Само за потсетување- на референдумот за територијата поделба што се одржа во 2004-та година, тогаш СДСМ настапи со слоганот некои прашања не заслужуваат одговор, ја загушија дебатата и го истераа и спроведоа онака како што мислеа дека е најдобро.

Најнови вести