понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична пријава за родители од Дебар што си го принудувале детето да питачи во Струга

Кривична пријава за родители од Дебар што си го принудувале детето да питачи во Струга

На 11.03.2022 година, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги – Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Р.Н. (25) и М.Н (29) и двајцата од Дебар, инаку сопруг и сопруга, за сторено кривично дело „трговија со дете“ предвидено и казниво по член 418-г став 2 од Кривичен законик на Р.С.Македонија.

Според пријавеното, малолетното дето било изложено на питачење и физичко насилство. Во текот на денот пријавените ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.