вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Бајден: САД нема да водат Трета светска војна во Украина

Бајден: САД нема да водат Трета светска војна во Украина

Американскиот претседател Џо Бајден нагласи дека САД нема да испратат копнени трупи во Украина, пренесува Си-Ен-Ен.

– Нема да водиме Трета светска војна во Украина, рече Бајден откако повтори дека САД ги поддржуваат сојузниците во НАТО. Тој вети дека САД ќе го бранат секој дел од територијата на НАТО.

– Сепак, сакам да бидам јасен, ќе се погрижиме Украина да има оружје за одбрана од нападите на руските сили. Ќе им испратиме пари и храна за да ги спасиме животите на Украинците. Ќе ги примиме бегалците од Украина со раширени раце доколку дојдат овде – додаде Бајден.

Бајден вели дека разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски речиси секој ден. Тој, исто така, ја истакна важноста на акциите на Соединетите Држави и нивните сојузници во какви било потези да се спротивстават на Кремљ.