четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Чеферин: Сакаме репрезентации од Јужна Америка да играат во Лигата на Нации

Чеферин: Сакаме репрезентации од Јужна Америка да играат во Лигата на Нации

Не е исклучено во иднина да ја гледаме Македонија во Лигата на Нации против селекции како Бразил, Аргентина, Уругвај.

До овој момент тоа се вртеше само низ медиумите, меѓутоа сега идејата јавно ја потврди Чеферин.

„Откако ја создадовме Лигата на Нации репрезентациите повеќе не играат притијателски натпревари. Големите тимови не играат со Бразил и Аргентина, а ни кажуваат дека сакаат да играат. Би било навистина добро во Лигата на Нации во некаков формат да се вклучат и селекциите од Јужна Америка, работиме на оваа идеја“, изјави Чеферин.