понеделник, 12. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Хет-трик на Роналдо, Португалецот стана најдобар стрелец во историјата на фудбалот

ВИДЕО: Хет-трик на Роналдо, Португалецот стана најдобар стрелец во историјата на фудбалот

Кристијано Роналдо постигна хет-трик и „сам“ го победи Тотенхем со 3-2, а Хари Мегваер постигна автогол на супер дербито во Премиерлигата.

Португалецот како да се налути, па експлодира на мечот со Тотенхем, погоди во 12, 38 и 81 минута за победа на Јунајтед на која најскапиот дефанзивец Мегваер запиша автогол.

Роналдо се се запиша во историјата како најдобар стрелец во фудбалот. Најдобар стрелец во историјата на фудбалот до вечерва беше Јозеф Бикан кој на 530 официјални натпревари постигна 805 голови.

За историското постигнување на Португалецот му беа потребни 1.110 официјални натпревари.