Пејачката Анастасија Ражнатовиќ го одржа својот прв настап синоќа во Париз, а насобраните не го криеја ентузијазмот додека од публика го следеа нејзиниот настап на сцената.
Анастасија на сцената се појави во елегантен костум, а во еден момент го соблече сакото со светки и остана само во горниот дел кој го открива нејзиниот извајан стомак.
Пејачката на сцената имаше и танчери со кои цело време играше, што дополнително придонесе настапот да биде светски.
Анастасија пееше пред воодушевената публика неколку часа, а ги изведе и нејзините хитови како „Рани“, „Извини“, „Готово“, како и песни од нејзините колешки, но и од нејзината мајка Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Видеото може да го погледнете ТУКА.