понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Џонсон разговарал со Зеленски: Го пофалил украинскиот претседател и украинскиот народ за нивната храброст

Џонсон разговарал со Зеленски: Го пофалил украинскиот претседател и украинскиот народ за нивната храброст

Британскиот премиер Борис Џонсон попладнево разговараше со украинскиот претседател Влодомир Зеленски.

– Џонсон ги пофали претседателот Зеленски и украинскиот народ за нивната храброст, рече портпаролот на Џонсон.

Премиерот потоа додаде дека варварските постапки на Путин не се тест само за Украина, туку и за целото човештво.

– Во телефонски разговор лидерите ги осудија убиствата на Брент Рејно и голем број невини жртви, како и киднапирањето на градоначалниците на Днепрорудна и Мелитопол – пишува во соопштението.

Џонсон му рекол на Зеленски дека Велика Британија продолжува да дава голема поддршка на Украина.

Тој рече дека Британија ќе продолжи да бара повеќе опции за зајакнување на самоодбраната на Украина, работејќи со своите партнери.

– Премиерот рече дека Обединетото Кралство ќе продолжи да стои зад Украина во сите нејзини напори конечно да стави крај на овој катастрофален конфликт – изјави портпаролот на Џонсон.