вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Вучиќ ги повика Србите: Не се пријавувајте во армијата на Косово

Вучиќ ги повика Србите: Не се пријавувајте во армијата на Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ги повика денеска косовските Срби да не стапуваат во Косовската армија, чие формирање се најавува до крајот на годинава.

Вучиќ рече дека Србите имаат само една војска и оти тоа е војската на Србија.

Потенцира дека постои едно српско село од кое неколку луѓе се пријавиле во армијата на Косово, но апелираше до нив тоа да не го направат бидејќи Косово нема право на формирање армија.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај вчера изјави дека косовската армија ќе биде формирана до крајот на оваа година и оти таа формација добива поддршка и од Србите од Косово, односно оти има и млади од северот кои се пријавуваат за служење во таа формација.