среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

Грција нема да испрати противвоздушни системи во Украина

Грција нема да испрати противвоздушни системи во Украина

Преку безбедносни канали на комуникација, Атина до Киев одговорила негативно за евентуалната можност да испрати дополнително оружје од грчката армија за зајакнување на одбраната на Украинците, објави грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина.

Весникот, повикувајќи се на добро информирани извори пишува дека не постоело официјално барање од Киев до Атина, туку украинската страна ја испитувала можноста за евентуално Грција да испрати противвоздушни системи од стара советска технологија, односно дел од противвоздушните системи со краток дострел TOR-M1 или OSA-AK од военото воздухопловство и армијата .

Исто така, надлежни извори додале дека барем засега не се покренува прашањето за испраќање ракети С-300 на военото воздухопловство, кои се чуваат на Крит.

„Катимерини“ коментира дека откако првично беа испратени Калашников и фрлачи за Украина, „Атина ја следи пошироката линија на ЕУ за посветеност на потребата од дипломатско решение“.