По историскиот самит во Сингапур, американскиот претседател Доналд Трамп на конференција за медиумите објави дека САД „ќе ги оконча воените игри“.
Си-Ен-Ен наведува дека Трамп најверојатно мислел на заедничките воени вежби со Јужна Кореја, а кои Северна Кореја веќе долго време ги оценува како провокативни. Трамп, исто така, рече дека се надева оти ќе може да ги повлече американските сили од Јужна Кореја кога за тоа ќе дојде време.
-Сакам да ги повлечам нашите војници од таму. Сакам да ги доведам нашите војници дома. Но, тоа сега не е дел од равенката. Јас се надевам дека тоа ќе се случи кога ќе биде време, порача Трамп.
Посочи дека се согласил да ги оконча „воените игри“ затоа што ги смета за многу провокативни и додаде дека со тоа САД ќе заштеди огромна количина на пари.
Trump said he brought Kim to the table by showing him what the future could look like should he choose the path of peace: “Instead of [testing missiles] you could have the best hotels in the world right there. Think of it from a real estate perspective” https://t.co/XBC0Sh0nRK pic.twitter.com/dlxvxLPcLG
— CNN Breaking News (@cnnbrk) June 12, 2018
Трамп посочи и дека севернокорејскиот лидер Ким Џон-ун порачал оти Северна Кореја уништува голем полигон за тестирање на ракетни мотори.
-Северна Кореја веќе уништува голем полигон за тестирање ракетни мотори, рече Трамп.
Си-Ен-Ен пишува дека обврската на Ким не е наведена во заедничката декларација на двајцата лидери, но Трамп во обраќањето даде објаснување за тоа.
-Тоа го договоривме откако договорот беше потпишан, рече Трамп.
Вели дека Ким со потпишувањето на договорот, повторно ја потврди својата непоколоблива посветеност на денуклеаризација на Корејскиот полуостров, истакнувајќи дека Ким сака да го направи тоа.
VIDEO: Donald Trump says he and North Korean leader Kim Jong Un will meet again ‘many times’ at the conclusion of their unprecedented summit in Singapore pic.twitter.com/YDcxnh0PPT
— AFP news agency (@AFP) June 12, 2018
Разговорот со севернокорејскиот лидер го оцени како искрен, директен и продуктивен. Сепак, како што посочи потоа, американските санкции кон Северна Кореја засега остануваат додека САД не се уверат дека нуклеарните бомби веќе не се фактор.
– Јас навистина се радувам на нивното укинување, рече Трамп.
Американскиот претседател потенцираче дека Ким е талентиран и оти би можел да биде запаметен како лидер кој за прв пат направил напредок за својот народ. Додаде дека со Ким поминал интензивни часови.
-Нема граница што Северна Кореја може да ја постигне кога ќе се откаже од нуклеарното оружје, посочи Трамп и додаде дека остатокот од светот навистина сака да се ангажира со Северна Кореја.
Претседателот на САД истакна дека релативно кратко разговарале за човековите права, но оти главната цел е денуклеаризацијата.
Трамп потенцира дека Ким го прифатил повикот да дојде во Белата куќа, додавајќи дека тој ќе оди во Пјонгјанг.
President Trump: We are prepared to start a new history, and we are ready to write a new chapter between our nations. #TrumpKimSummit @foxandfriends @FoxNews pic.twitter.com/h1uMrUO0Bt
— Ainsley Earhardt (@ainsleyearhardt) June 12, 2018