вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Случувањата во Украина во фокусот на средба Гутереш- Дендиас во Њујорк

Случувањата во Украина во фокусот на средба Гутереш- Дендиас во Њујорк

Ситуацијата во Украина, кипарското прашање, односите со Турција, Либија, но и грките кандидатури, биле темите за кои разговарале генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас на нивната средба во Њујорк, како што изјави шефот на грчката дипломатија, јави дописничката на МИА од Атина.

Дендиас рече дека имале долг разговор, дискутирале за случувањата во Украина и имал можност и го информирал Гутереш за „огромните проблеми, неверојатните опасности со кои се соочува грчката заедница во овој регион“.

Се осврна и на три кандидатури на Грција: за Советот за безбедност, за претседателство на Генералното собрание на Обединетите нации во 2035 година и за кандидатурата што дополнително ќе биде објавена, за Советот за човекови права за периодот 2028-30.

– Грција верува во Повелбата на Обединетите нации, и сака на најактивен начин да учествува во имплементацијата на овие принципи кои ги вклучува Повелбата, а тоа се принципите на меѓународното право и меѓународното право на морето, рече Дендиас по средбата со Гутереш.