петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Њукасл со 240 милиони евра тргнува по Нејмар

Њукасл со 240 милиони евра тргнува по Нејмар

Англиските медиуми пишуваат дека Њукасл размислува во летниот преоден рок да се обиде да го ангажира бразилскиот фудбалер Нејмар. Богатите газди на Њукасл ќе се обидат со 240 милиони евра да го доведат еден од најдобрите фудбалери на денешницата.

Ако тоа се оствари, тоа ќе биде рекорден трансфер. На лето 2017 година, Нејмар за 222 милиони евра од Барселона се пресели во ПСЖ. На сопствениците на ПСЖ, платата од 595.000 евра неделно нема да биде проблем. Нејмар оваа сезона има само пет гола во 20 натпревари.