четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен криминалец од Скопје баран со потерница

Приведен криминалец од Скопје баран со потерница

Во скопско Волково денеска во 10.30 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги од СВР Скопје го привеле Љ.П.(43) од Скопје.

Љ.П., бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје, а бил осуден на 10 месеци казна затвор во врска со кривично дело казниво по чл.144 од Кривичен законик.

МВР денеска информираше дека лицето ќе биде предадено на надлежната казнено-поправна установа.