Во текот на вчерашниот ден (22.03.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 226 возачи. Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 110 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 116 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.