Бројни тимови се уште ја чешлаат областа во Кина каде во понеделникот се урна патничкиот авион Боинг 737 со 132 патници и членови на екипажот.
Една од двете црни кутии од авионот е пронајдена вчера, но е многу оштетена – толку многу што истражителите не можат да кажат дали се работи за рекордер на податоци за летот или за диктафон во пилотската кабина.
Рано утринава, тимовите продолжија да бараат уште една црна кутија, надевајќи се дека ќе им одговори како се урнал авионот.
На лице место се и роднините на загинатите во несреќата.
Да потсетиме, Боингот 737-800 со 132 патници и членови на екипажот патуваше од Кинминг до Гуангжу, кога се урна во планините Гуангкси.
Кина објави дека нема преживеани во авионската несреќа.