сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Столтенберг останува на чело на НАТО уште една година поради Украина?

Столтенберг останува на чело на НАТО уште една година поради Украина?

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ќе го продолжи мандатот за една година поради војната во Украина, информира денеска норвешката телевизија ТВ2 повикувајќи се на неименуван извор.

Се уште нема официјална потврда за овие информации. Мандатот на Столтенберг истекува на 1 октомври, а требало да ја преземе должноста гувернер на банката на својата родна Норвешка до крајот на 2022 година.

На прашањето дали ќе остане на чело на НАТО истакнал дека таквата одлука треба да ја донесат земјите членки.