Денеска (24.03.2022) во периодот од 07:00 до 12:00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои недаваат првенство на минување на крстосница на територијата на Република Македонија, при што санкционирани се 64 возачи.
Од нив, 19 на територијата на СВР Тетово, 14 на територија на СВР Битола, 11 на територијата на СВР Скопје…
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, истакнуваат од МВР.