понеделник, 5. февруари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Интерконекторот меѓу Грција и Бугарија успешно се поврза со Трансјадранскиот гасовод

Интерконекторот меѓу Грција и Бугарија успешно се поврза со Трансјадранскиот гасовод

Интерконекторот Грција-Бугарија успешно се приклучи на Трансјадранскиот гасовод (ТАП). Физичкото поврзување е направено со две златни заварувања што ја поврзуваат мерната станица за гас кај Комотини со постојната инфраструктура ТАП, на само неколку стотини метри северно од надземниот објект ИГБ, јави дописникот на МИА од Софија.

Гасоводот ИГБ ќе биде поврзан и со инфраструктурата за пренос на гас на бугарскиот гасен оператор „Булгартрансгаз“ во областа на градот Стара Загора, во близина на втората гасна мерна станица на интерконекторот.

Предвидено е и физичко поврзување со преносниот систем на грчкиот оператор ДЕСФА.

Сите подготовки од страна на ИГБ се веќе завршени и се очекува ДЕСФА да обезбеди распоред за поврзување во наредните недели.