СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.К.(23) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропно супстанци и прекурсори“.
На 15.03.2022 полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом, при што пронашле и одзеле марихуана, кокаин и пари.