На 26.03.2022 во 03.55 часот на ул.„Димитар Илиевски Мурато“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода П.Д.(35) од Битола. Тој бил баран со наредба на Основен суд Битола за доиздржување затворска казна.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Битола за доиздржување на затворската казна.