Популарната Дара Бубамара важи за една од најенергичните пејачки на балканската естрада.
Таа плени со својата енергија и харизма, а пред камерите на шоуто „Премиер – Викенд Специјал“ откри како се подготвува за настапите, но и како изгледаат самите концерти.
-Мене цел ден ми беше посветен на овој настап. Да се сконцентрирам, да изберам што ќе облечам… Јас вложувам во моите песни, многу работам, рече Дара.
Таа се пошегува и дека на нејзиниот настап често се случуваат тепачки.
-Нормално е публиката или многу да испие или да има тепачка. Тоа е таа енергија со која зрачам и по која луѓето целосно лудуваат. Кога настапувам јас и некој ќе ми каже дека никој не се степал, прашувам дали е можно, изјави Дара Бубамара.