Денеска (27.03.2022) во периодот од 10.00 до 18.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на град Скопје.
При контролата санкционирани се 173 возачи, од кои 34 за возење без возачка дозвола, 51 возачи на мотоцикли возеле без заштитна кацига, шест со истечена важност на сообраќајна дозвола, изречени се две мерки за возење под дејство на алкохол, а одземени се седум патнички моторни возила и пет мотоцикли под сомнение за техничка исправност и неатестирани фолии (затемнети стакла).
При контролата санкционирани се и други 98 сообраќајни прекршоци.
-Засилените акцикски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заеднички да придонесеме за посигурни по побезбедни патишта, порачуваат од МВР.