среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

Со коронавирус се заразиле три милиони граѓани во Грција

Со коронавирус се заразиле три милиони граѓани во Грција

Со денешните над 22.000 новозаразени, Грција надмина три милиони потврдени случаи на Ковид-19 од почетокот на пандемијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, во изминатите 24 часа, потврден е 22.451 случај од 300.935 направени тестови, починаа 60 лица, а 348 пациенти се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници.

Од почетокот на пандемијата во земјата се потврдени 3.009.933 случаи на Ковид-19 и починаа вкупно 27.454 лица. (МИА)