сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Столтенберг очекува бројни земји на НАТО да одвојат повеќе од 2 отсто за одбрана

Столтенберг очекува бројни земји на НАТО да одвојат повеќе од 2 отсто за одбрана

Генералниот секретар на НАТО попладнево изјави дека очекува бројни земји членки да одвојат повеќе од предвидените два отсто БДП за одбраната, тој рече дека два отсто е минимум, јави дописничката на МИА од Брисел.

Генералниот секретар, Јенс Столтенберг, ова го изјави денеска на прес конференција во седиштето на НАТО по повод презентацијата на годишниот извештај за 2021 година.

Од 2014, НАТО бара од своите земји членки во нивниот буџет да одвојат два отсто од бруто домашниот производ за одбраната. Со години оваа цел макотрпно се постигнуваше, но со војната во Украина последните месеци земјите сојузнички драстично ги зголемија своите одбранбени буџети и речиси сите се на пат да ги постигнат зацртаните два отсто.

На новинарско прашање дали на јунскиот самит ќе се бара од земјите да ја зголемат стапката над два отсто, Столтенберг попладнево изјави дека “два отсто е минимум“.

-Два отсто не е плафон, туку е минимум, апсолутно е можно да се направи повеќе, видовме дека повеќе сојузници најавија дека ќе одвојат повеќе од два отсто, и врз основа на бројките од годишниот извештај, како и врз основа на најавите, апсолутно сум уверен дека големо мнозинство ќе постигне два отсто, и многу други ќе одвојат повеќе, сојузниците се движат во права насока, инвестираат повеќе од последните години во одбраната, ова е екстремно важно бидејќи живееме во поопасен свет, изјави генералниот секретар на НАТО.