четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетник со картичка на сограѓанин си пазарел на интернет, направил 32 трансакции

Малолетник со картичка на сограѓанин си пазарел на интернет, направил 32 трансакции

СВР Штип поднесе известување за малолетник од штипско село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

На 07 и 08.10.2021, пријавениот неовластено употребил податоци од платежна картичка на лице од Штип и извршил 32 успешни трансакции на интернет на повеќе продажни места, со што се стекнал со противправна имотна корист 15.309 денари.