понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Шведска истече законот за пандемијата, повеќето мерки се укинуваат денес

Во Шведска истече законот за пандемијата, повеќето мерки се укинуваат денес

Шведскиот закон за пандемијата истече во петокот, што значи дека владата повеќе нема овластување да воведува рестриктивни мерки за да се спречи ширењето на Ковид-19.

Од петок, нема повеќе мерки за следење на контактите или самоизолација, а Ковид-19 не се смета за закана за јавното здравје.

Повеќето рестриктивни мерки во скандинавската земја веќе се укинати на 9 февруари.

Владата и здравствените власти го оправдаа потегот со фактот дека Швеѓаните биле високо вакцинирани и имале блага клиничка слика на омикронската варијанта на вирусот.