вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Салах ќе потпише нов договор со Ливерпул

Салах ќе потпише нов договор со Ливерпул

Египетскиот фудбалски репрезентативец Мохамед Салах ги намалил условите што ги барал од управата и сега е подготвен да потпише нов договор со клубот предводен од Јирген Клоп.

Веста прв ја објави британскиот весник „Мирор“, кој повикувајќи се на извори блиски до управата најавува дека договорот би можел да биде потпишан во текот на овој месец.

Актуелниот договор на Салах истекува во јуни 2023 година, па на челниците на клубот им се брза што поскоро да договорат продолжување на соработката, или да почнат да размислуваат за негова продажба во текот на летово.

Преговорите долго беа блокирани поради инсистирањето на Салах на плата од 500.000 фунти неделно, нешто што Египќанецот смета дека го заслужува како најдобар играч во Премиер-лигата, а Ливерпул јасно стави до знаење дека нема намера да го плати.

Конечно, пронајден е заеднички јазик откако Салах се согласил на понуда од 400.000 фунти неделно (вкупно, со бонуси што се лесно остварливи). За возврат, Ливерпул наместо на три, новиот договор ќе го потпише на четири сезони, со што ќе се осигура дека „фараонот“ ќе остане на „Енфилд“ до крајот на својата кариера.