вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Полска купува 250 тенкови Абрамс од САД

Полска купува 250 тенкови Абрамс од САД

Полска потпиша договор со САД за купување на 250 тенкови Абрамс во обид да ја зајакне својата армија и да одврати евентуална руска агресија на нејзината источна граница.

Продажбата на тенкови Абрамс на Полска, каде што ќе биде распоредена и американската противракетна одбрана, е уште еден знак за длабоките одбранбени односи со САД.

Полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак изјави дека договорот е вреден приближно 4,75 милијарди долари и дека првите тенкови ќе бидат испорачани оваа година.

Во Полска ќе бидат распоредени речиси 5.000 дополнителни американски војници и дополнителни борбени авиони, како дел од одговорот на САД на кризата во Украина.