недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ЛШ: Реал Мадрид, најверојатно, без Анчелоти против Челзи

ЛШ: Реал Мадрид, најверојатно, без Анчелоти против Челзи

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, најверојатно поради коронавирусот ќе го пропушти првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампиони (ЛШ) против Челзи, што утревечер ќе се одигра во Лондон.

Анчелоти минатата недела беше позитивен на вирусот и поради тоа не отпатува со екипата за Лондон. Постои можност, сепак, да седи на клупата на Реал доколку во текот на утрешниот ден добие негативен тест.

Италијанскиот тренер претходно го пропушти и натпреварот од шпанското првенство против Селта во Виго.

Анчелоти во кариерата мина две години како тренер на Челзи, од 2013 до 2015 година, а Реал Мадрид нема победа на последните пет натпревари на англиска почва, со ефект од три порази.