вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Фудбалските сликички на „Панини“ заминаа во историја, ова е нпвиот американски партнер партнер на УЕФА

Фудбалските сликички на „Панини“ заминаа во историја, ова е нпвиот американски партнер партнер на УЕФА

Европската фудбалска федерација (УЕФА) објави денеска дека нов ексклузивен партнер за изработка на самолепливи сликички за следните две европски првенства ќе биде американската компанија „Топс“ (Topps).

Со тоа е ставен крај на долгогодишното партнерство меѓу УЕФА и италијанската фирма „Панини“, кое траеше од 1977 година.

Договорот за соработка со американската компанија ќе биде на сила до 2028 година, а „Топс“ за амбасадор на ЕУРО2024 го избра прославениот португалски тренер Жозе Мурињо.

Компанијата „Топс“ од порано веќе е официјален партнер на Лигата на шампиони и сите други клупски натпреварувања во организација на УЕФА.