четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Фон дер Лајен пристигна во посета на Бугарија

Фон дер Лајен пристигна во посета на Бугарија

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вечерва допатува во Софија по повод претстојната презентација на оценката на Европската комисија за Националниот план за обнова и одржливост на Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Фон дер Лајен беше пречекана од Цветан Ќуланов, вршител на должноста шеф на претставништвото на Европската комисија во Бугарија и Лена Бориславова, шеф на кабинетот на бугарскиот премиер Кирил Петков.

Бугарија и Холандија останаа последните две земји кои до крајот на јули минатата година не ги доставија своите планови на расправа до Европската комисија. Истовремено, Бугарија четири пати побара одложување на оценувањето по нејзиното официјално поднесување во средината на октомври минатата година.

Последниот требаше да истече на 15 април. За планот да добие зелено светло и Бугарија да може да има корист од средствата наведени во него, тој треба да биде одобрен од Советот на ЕУ, што веројатно ќе трае околу еден месец.