петок, 2. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Во бледото владеење на Ковачевски го гледам влијанието на Зоран Заев

Мицкоски: Во бледото владеење на Ковачевски го гледам влијанието на Зоран Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат М, вели дека не гледа суштинска разлика помеѓу владеењето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски, односно како што изјави тој во бледото владеење на Ковачевски го гледа влијанието од страна на Заев, но и дека работите во државата наместо да одат кон подобро, одат кон полошо.

-Искрен да бидам не можам да забележам суштинска разлика, дури можам да забележам во негативна смисла разлика, дури и со Заев што јавно, што преку канали за комуникација се закажуваат тие лидерски средби и се одржуваат, кај овој тоа излезе со едно брилијантно ветување се сеќавате кога изјави ќе го поканам Мицкоски на првиот состанок, па се фалеше по телевизии дека зборувал со мене на телефон, па јас сум му кажал нема проблем. Но, еве поминаа 100 дена ниту имало средба, ниту пак нешто се случува, рече Мицкоски.

„Не можам суштински да забележам некое подобрување и ги препознавам политики во бледа форма на Заев, бидејќи знаете додека се пренесе насоката од Струмица до Скопје, претпоставувам некаде по пат се модифицира таа истата насока и заради тоа можам да забележам дека тие се политиките но по пат малку се избледени, делуваат би рекол несуштински и лошо адаптирани. Тоа го зборуваат и луѓето во Владата и секаде во институциите, така што да бидам искрен навистина очекував дека ќе биде подобар, дека сепак ете треба да се даде шанса, но поминуваат овие 100 дена а работите не само што одат во подобро, туку одат во многу полошо„, потенцираше Мицкоски.

Најнови вести