Во рамките од групата „Д“ во Балканската кошаркарска лига (БИБЛ) составот на ТФТ загуби убедливо од Балкан (Бугарија) со резултат 104:53.
Бугарскиот претставник ќе игра против Сигал Приштина од Косово во плеј-офот за пласман на Фајнал-фор турнирот.
Македонската екипа ја заврши групата со учинок 0-6, но доброто е тоа што тимот втора сезона по ред ја поминува првата фаза.
Во победничките редови најефикасен беше ДеВон Вашингтон со 19 поени, а Димитар Димитров постигна 15 поени (седум скокови, шест асистенции).
На спротивната страна Страхил Николов имаше 17 поени, а шест помалку Виктор Ташовски (четири асистенции).
Конечна табела, група „Д“:
1. Ирони Нахарија 5-1 11 бодови
2. Балкан 4-2 10 бодови
3. Макаби Хаифа 3-3 9 бодови
4. ТФТ Скопје 0-6 6 бодови