Кошаркарите на Куманово 2009 славеа над скопски Работнички со 72-54 во последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната во машкиот кошаркарскиот шампионат на Македонија.
Домаќините уште од почетокот почнаа силно и веќе по десет минути игра имаа плус девет поточно 22-13.
Вториот период донесе малку поени, но и во таква игра подобро се снајдоа домаќините кои на пауза заминаа со позитива од 38-25.
Во вториот дел домажините рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 72-54.
Андрија Марјановиќ со 22 поени беше прво име во победничкиот тим, а го следеше Душан Јузбашиќ со 19 поени и Ненад Зивчевиќ со 15 поени.
Кај поразените Даниел Нацевски заврши со 14 поени.