сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Мотоциклист загина кај Катланово

Мотоциклист загина кај Катланово
илустрација

На 10.04.2022 во 16.37 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, во близина на с.Катланово, скопско, мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.П.(25) од Скопје, излетал надвор од коловозот, информира МВР.

Во несреќата на местото на настанот починал мотоциклистот.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.