четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Ќе има ли втора шанса за живот по оваа страшна сообраќајна несреќа – поранешната ѕвезда на „Реал Мадрид“ ќе биде чудо ако преживее (ВИДЕО)

Ќе има ли втора шанса за живот по оваа страшна сообраќајна несреќа – поранешната ѕвезда на „Реал Мадрид“ ќе биде чудо ако преживее (ВИДЕО)

Поранешниот фудбалер на Наполи и Реал Мадрид, Фреди Ринкон (55 г.) е во критична состојба и се бори за својот живот во болница во Кали, откако автобус удрил во неговиот автомобил.

Шпанските медиуми пишуваат дека тој бил опериран а операцијата траела два часа и 45 минути. Прогнозата за жал не е добра, открива Хамилтон Рикар, близок пријател на Ринкон.

„Фреди беше опериран и прогнозите не се добри“, открил тој за шпанските медиуми.

Според извештаите на локалната полиција кои цитираат изјави на сведоци, Ринкон бил зад воланот кој поминал на црвено и не го ни видел автобусот како се приближува до раскрсницата кога се случил судирот.

Ова не е прва тешка сообраќајна несреќа на Ринкон. Пред девет години, популарниот „Ел Колосо“ изгуби контрола зад воланот на својот камион кој се преврте на патот. Како резултат на несреќата, Ринкон потоа се здобил со тешки повреди опасни по живот, но успеал целосно да се опорави.

Сите се надеваат дека и овој пат ќе може да се опорави.