среда, 24. јануари 2024. Вести денес: 0
home Култура

Концертот „Меликус“ одложен поради болест на солистот

Концертот „Меликус“ одложен поради болест на солистот

Концертот „Меликус“ на тандемот Исмет Вејсели – тенор и Колос Цури – пијано е одложен поради болест на Вејсели.

-Најавениот концерт на тандемот, пијано Колос Цури и тенор Исмет Вејсели поради болест на солистот  нема да се одржи, а наредниот термин за негово одржување ќе биде 10 јуни. Потврда за влошената здравствена состојба на Исмет Вејсели е и медицинската белешка во која е дијагностициран „хроничен ринитис“. Ттој моментално се наоѓа под терапија и од тие причини не е во можност да одговори на претстојните обврски, изјави директорот на Центарот за култура во Кичево, Мазлам Османи.

Концертот требаше да се одржи во понеделник.

Директорот на Центарот за култура најавува дека на 26 април ќе се одржи традиционалниот „Велигденски концерт“ на кој ќе настапат играорците од КУД „Рацин“ -Кичево.  (МИА)