Екипата на Филаделфија предводена од тренерот Док Риверс ноќеска го победи Торонто со 112:97 во вториот натпревар од НБА плејоф серијата од првото коло.
Победата беше 100-та за Риверс во плеј-офот. Тој се изедначи со познатиот тренер Лери Браун. Двајцата се на делба на 4. место на генералната листа на НБА.
Лидер во победите во НБА плејофот меѓу тренерите е Фил Џексон со 229.
Пред Риверс се уште и Пат Рајли со 171 и Грег Попович со 170 победи во разигрувањето за шампионскиот трофеј во најсилната кошаркарска лига на светот. (МИА)