среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Британскиот Парламент ќе гласа за тоа дали Џонсон ги почитувал Ковид правилата

Британскиот Парламент ќе гласа за тоа дали Џонсон ги почитувал Ковид правилата

Британските парламентарци ќе добијат можност да гласаат за тоа дали премиерот Борис Џонсон го довел во заблуда Парламентот со неговите уверувања дека се почитувале Ковид правилата во  Даунинг стрит, најави претседателот на британскиот Парламент, Линдзи Хојл.

Тој додаде дека предлогот за дебата е поднесен од лидерот на Лабуристичката партија, Кир Стармер и други опозициски пратеници.

Дебата е закажана за в четврток.

Претходно, Џонсон беше парично казнет поради присуство на роденденската забава во неговата резиденција на Даунинг стрит 10. Казната за Џонсон е 50 фунти, а казни им се изречени и на министерот за финансии Риши Сунак и сопругата на Џонсон, Кери, поради присуство на забава на 19 јуни 2020 година. Џонсон и Сунак се првите актуелен премиер и министер за финансии кои се казнети бидејќи го довеле во Парламентот со тоа што претходно негираа дека присуствувале на забави за време на карантин.

Џонсон се извини, но одби да поднесе оставка, иако полицијата истражува уште шест собири на кои тој наводно бил присутен.  (МИА)